Top Sport

Старо „друштво“ – Енди Мареј повторно ќе работи со Иван Лендл

Поранешниот светски рекет број 1, Енди Мареј повторно ќе работи со својот поранешен тренер, легендарниот Иван Лендл во обид да ја врати формата по операциите на колкот.

Менаџерскиот тим на 34-годишниот Шкотланѓанец потврди дека тој ќе работи по третпат со Лендл, откако прво му беше тренер од 2011 до 2014, кога освои титули од САД опен, Вимблдон и од Олимписките игри, а потоа работеше и од 2016 до 2017, кога ја освои втората титула од Вимблдон, ново олимписко злато и стана светски број 1.

Мареј, кој беше на втора операција на колкот во 2019 во моментов е на 84. место на АТП листата откако во декември се раздели со својот долгогодишен тренер Џејми Делгадо, па работеше со Естебан Карил и Јан де Вит.

Лендл, Американецот со чешко потекло, има осум гренд слем титули во кариерата, а покрај со Мареј кратко работеше и со светскиот број 3, Александер Зверев.

Scroll to Top