Top Sport

Стартува 109.издание на Тур д’Франс

Овогодинешното издание на Тур д’Франс, 109-то по ред, започнува во петок и ќе трае до 24. јули. Најдобрите светски велосипедисти, во најпрестижната трка ќе возат 21 етапа и ќе поминат нешто повеќе од 3.300 километри.

Организаторите на најголемата велосипедска трка во светот одлучија оваа година трката да стартува во Данска. Во оваа земја ќе се возат првите три етапи. Првата етапа ќе биде индивидуалениот хронометар долг 13 километри по улиците на Копенхаген.

По воведниот хронометар, ќе се возат уште две етапи во Данска, потоа следува ден за одмор, по што велосипедистите ќе се префрлат во Франција. Велосипедистите во следните три недели уште два пати ќе ги напуштат границите на Франција, бидејќи прво ќе возат во Белгија, а потоа ќе се искачат на швајцарските Алпи.

Главен фаворит за победа на трката, секако е младиот словенечки велосипедист Тадеј Погачар, кој ги брани боите на тимот на Емирати. 23-годишниот Погачар два пати по ред победи на најпрестижната велосипедска трка во светот.

Сонародникот Тим Роглич би требало да биде неговиот најголем ривал. Меѓу главните фаворити мора да се вброи тимскиот колега на Роглич неговиот соиграч Јонас Вингегор.

Наведените тројца ги следи возачот на Бора, Александар Власов, Герејент Томас, Дани Мартинез, Наиро Кинтана, Ригоберто Уран.

Првата етапа започнува во петок во 16 часот, а во следните 24 дена ќе има вистински спектакл до големото финале на Елисејските полиња.

Scroll to Top