Македонскиот репрезентативец, Ставре Јада, го освои 86.место, во квалификациите за спринт трката на 1,5 километри на Зимските олимписки игри во Пекинг. Во квалификациите настапија 88 натпреварувачи.
Јада спринтот го заврши со време од 3:29.13 минути. Зад победникот Лукас Шанава од Франција, Ставре Јада доцнеше 44.10 секунди.
Во останатиот период тој ќе продолжи да се подготвува за неговата втора и последна трка, која на програмата на ЗОИ е на 19ти Февруари.