Еден од најдобрите ракометари на сите времиња, Германецот Стефан Кречмар стана селектор на германската ватерполо репрезетација.
Кречмар како лево крило двапати беше прогласуван за најдобар ракометар во светот (во 1994 и во 1995 година), а по професионалната кариера, продолжи со коментирање на натпревари.
По се изгледа му се здосади ракометот, па се „фрли“ во базен.
„Да, вистина е. Ги подготвувам момците за да бидат светски шампиони“ – изјави 46-годишниот пред неколку дена за германските медиуми.
Тој во младоста паралелно тренирал и ракомет и ватерполо, а сега како ветеран ги игра и двата спорта.
Во јужнокорејски Гвангжу моментно се игра СП за ветерани во ватерполо, а Германија ја претставува клубот Спандау 04.