Слоун Стивенс со 6:3/6:3 ја совлада Анџелике Кербер за да се пласира во полуфиналето на ВТА финалето во Сингапур без пораз во „Црвената група“ и да го комплетира полуфиналниот состав на турнирот.
Стивенс (петта носителка) ќе игра со седмата носителка Каролина Плишкова, додека осмата носителка Кики Бертенс ќе се судри со шестата носителка Елина Свитолина. Првпат од 2003, кога се врати системот на натпреварување по групи, ниту една од топ 4 носителките, не успеаја да влезат во полуфиналето. Стивенс е прва дебитантка на турнирот која победила на сите три меча по Гарбиње Мугуруза во 2015.
Стивенс го заврши мечот со 25 директни победнички топки и освои неверојатни две третини од поените на втор сервис на Германката, која исто така имаше дури 38 неизнудени грешки во текот на мечот.
Фото: ЕПА