Слоун Стивенс повторно е силна. Американката, која лани по освојувањето на САД опен имаше драстичен пад на падата и низа порази, ја совлада шампионката од Ролан Гарос, Летонката Јелена Остапенко со 7:6/6:1 во финалето на Мајами опен, за прва титула по таа од Флешинг Медоуз.
Стивенс уште нема загубено во ВТА финале, со 6-0 скор, а на „Крендон парк“ успеа да ги елиминира Гарбиње Мугуруза, Анџелике Кербер и Викторија Азаренка за импресивен турнир.
Првиот сет беше полн со брејкови на двете страни – Летонката водеше со 3:2, пред Стивенс да поведе со 4:3, но Остапенко се врати со брејк за 5:5. Стивенс поведе со 6:2 во тај-брејкот, пред Остапенко да се врати на 6:5, но тоа беше сѐ што направи Американката. Во вториот сет, на Американката и беа доволни 3 победнички топки за да го освои сетот, откако Остапенко направи 29 неизнудени грешки.
.@SloaneStephens claims the @MiamiOpen crown!
Downs Ostapenko, 7-6(5), 6-1! #MiamiOpen pic.twitter.com/TiiOM2BhNC
— WTA (@WTA) March 31, 2018