Боксерските фанови уште еднаш беа потсетени на бруталноста на нивниот спорт, откако светската шампионка Аманда Серано сподели селфи со својата противничка Миријам Гутиерез по нивниот саботен меч, во кој Гутиерез изгледа непрепознатливо откако доби дури 236 удари во мечот.
Во пред-меч на шоуто Џејк Пол-Тајрон Вудли, Серано стигна до победа над поени во меч кој не беше за титулата и кој беше нејзино деби во лесната категорија. Порториканката Серано, која е ВБЦ, ВБО и ИБО шампионка во перо категорија, сподели фотографија по мечот.
„Сакам да се заблагодарам на мојата партнерка Миријам Гутиерез, таа дојде во рингот да се бори“, вели Серано.
Шпанката Гутиерез доби дури 236 удари во текот на мечот, според „ЕСПН“, и можеби не е толку чудно што изгледа вака.
I want to thank my dance partner
Miriam Gutiérrez She didn’t come to lay down. I don’t care who is in front of me I’m not coming to Play!
She just told me she weighed 160lbs today. Thanks God I worked with my girl @nisa_rodriguez5 who was about 165. God is Great. I’m Blessed! pic.twitter.com/RVED1knVzN— Amanda Serrano (@Serranosisters) December 19, 2021