Top Sport

Стрицова на 33 години во прво гренд слем полуфинале

Чешката ветеранка Барбора Стрицова со 7:6(5)/6:1 ја победи Џоана Конта уништувајќи и ги соништата на Вимблдон за на 33 години да стигне до своето прво полуфинале на гренд слем турнир, во кое ќе игра со Серена Вилијамс.

Во второто полуфинале на „Ол Ингланд клубот“, Украинката Елина Свитолина ќе ја предизвика Симона Халеп, откако Свитолина со 7:5/6:4 беше подобра од чешкото изненадување, Каролина Мучова.

Конта имаше совршен старт на мечот, доаѓајќи до 4:1 водство во првиот сет, но потоа Стрицова, попозната како тенисерка која игра двојки, да се врати да израмни и да примора тај-брејк, кој го доби со 7:5. Во вториот сет, со два брејка, Чехинката успеа да стигне до најголемиот успех во својата кариера и тоа во сезона која според чешките медиуми е нејзината последна.

„Навистина лудо и не ми се верува дека успеав. Имам уште двојки за играње, но мислите ми се тука. Ова е еден од најдобрите мечеви кои ги одиграв во мојата кариера. Сега ќе треба да играм со Серена во полуфинале на Вимблдон и едвај чекам“, изјави Стрицова.

ВИМБЛДОН, ПОЛУФИНАЛЕ (Ж)

Серена Вилијамс (САД) – Барбора Стрицова (Чеш)

Симона Халеп (Ром) – Елина Свитолина (Укр)

Scroll to Top