ОК Струмица Никоб, македонскиот шампион во одбојка направи голем чекор во елитното спортско натпреварување во одбојка Цев Лигата на шампиони со победа над холандскиот шампион Динамо Апелдорн, но не продолжи во следната фаза заради минамалната разлика во златниот сет.
Одбојкарите на Струмица Никоб го оставија срцето на теренот и беа доминантни во вториот и третиот сет, но не ги послужи среќата во клучниот златен сет.
Но, амбициите продолжуваат понатаму, со генералниот спонзор НИКОБ имаме предвидливост и сигурност во нашите цели. Знаеме каде згрешивме и како и каде да ги корегираме во блиска иднина. Бевме сериозно оштетени што нашето засилување од Русија не доби спортски визи за првиот натпревар во Холандија и сметаме дека политика во спортот не треба да има.
Следната цел и визија на долг рок е изградба на академија за одбојка во Струмица за сите генерации како лулка на одбојката во Македонија, и инвестиции во спортска инфраструктура и капацитети.
Одбојката е многу популарен спорт како младите и тинејџерите во Европа, бидејќи е спорт кој сериозно го гради физички телото, но и психички одлично влијае на младите како колективен и тимски спорт кој се рефлектира во правилна социјализација на младиот дух, затоа и вреди да се инвестира во овој спорт бидејќи клубот дава резултат и на државно и на меѓународно ниво.
-Не можам а да не бидам задоволен од играта и резултатот од реванш натпреварот кој го игравме во Скопје од Цев Лигата на шампиони. Победивме против шампионот на Холандија, земја која знаеме што значи во европската и светската одбојка. За жал поради доста проблеми и нашиот некомплетен состав на патувањето во Холандија го изгубивме првиот натпревар и патникот во следното коло се одлучуваше со ‘златен сет’ . Во златниот сет сепак пресуди поголемото искуство и учества на вакви натпреварувања кое го имаше екипата на Динамо Апелдорн и во пресудните моменти реагираа посконцентрирано и го добија со минимална разлика со 15:13. Честитки до екипата на Динамо Апелдорн, но честитки и до нашата екипа Струмица Никоб. Горд сум на сите играчи, стручен штаб, раководство и спонзори, во дадениот момент го дадовме нашиот максимум и покажавме дека можеме да се носиме со екипи од повисок ранг. Само за споредба, многу учесници и екипи каде сум настапувал порано, чекале неколку години, а некои од нив и уште чекаат за прва победа во Лигата на шампионите, нешто што ние го остваривме на нашето историско прво учество. Морам исто така да се заблагодарам и на нашиот генерален спонзор Групација Никоб кои во овие тешки кризни времиња издвојуваат средства, време и енергија како би се претставиле на што повисоко ниво. Имаме сериозни планови за развојот на одбојката во Македонија во иднина, креираме еден нов проект со тим од амбициозни и посветени луѓе и порано или подоцна резултатот ќе дојде на свое место.
Ни стигнуваат пофалби од сите страни, Европската федерација ни честиташе за победата, а посебно за организацијата на натпреварот која беше на највисоко ниво што секако многу ни значи. Ни следуваат уште натпревари од европските купови, одиме во 1/32 финале во ЦЕВ купот каде се среќаваме со екипата на Осијек од Хрватска. Првиот натпревар ќе се игра во Македонија на 11. или 12. октомври додека возвратниот на 18. или 19ти Октомври во Хрватска. Уште еднаш да се заблагодарам на цела Македонија за подршката, за сите присутни кои не бодреа во СЦ Јане Сандански, продолжуваме понатаму кон нови победи“, вели Владо Милев, репрезентативецот на Македонија и најискусниот играч во редовите на Стумица Никоб.