Највисокиот тениски судија Серен Фримел, човекот кој го дисквалификуваше Новак Ѓоковиќ од САД опен во 2020 година, е суспендиран на 12 месеци поради злоупотреба на моќта.
Германецот Фримел е отсутен од турнирите од минатогодишниот Вимблдон поради официјално „лични причини“, но британскиот „Дејли телеграф“ тврди дека добил 12-месечна суспензија за неетичко однесување и злоупотреба на моќта. Истрагата започнала по жалбата на еден помлад тениски судија, а по петмесечната истрага, Фримел добил суспензија за „неетичко и непрофесионално однесување“.
Фримел беше одгоровен за одредување на тоа кои судии ќе добијат повисока позиција со системот на „златни“, „сребрени“ и „бронзени“ категории во тенисот. На фановите пак, тој е најпознат по штоа што ја донесе одлуката да се дисквалификува Ѓоковиќ од турнирот во Њујорк во 2020 откако тој ненамерно ја удри со топче линиската судијка, Лора Кларк. Фримел тогаш зборуваше подолго со српскиот светски број 1, пред да биде дисквалификуван.