Судиите сакаат да се во главна улога на САД опен ова лето. По контроверзите околу пресоблекувањето на Французинката Ализе Корне, добивањето на тренерски совети на Фернандо Вердаско, сега Ник Кирјос доби бизарна „лекција“ од судијата на столче пред да победи.
Австралиецот губеше од својот противник Пјер-Иг Ербер со сет и брејк, кога судијата на столче Мохамед Лахјани се симна и му даде неколку совети.
„Сакам да ти помогнам“, изјави Лахјани, по што му кажа дека фановите заслужуваат повеќе од него.
По ова, Австралиецот почна да игра подобро и на крајот стигна до 4:6/7:6/6:3/6:0 победа.
Kyrgios won the second set after a pep talk from the chair umpire Mo Lahyani.
A USTA rep told me it is already looking into Lahyani’s conduct in this match.
Absurd scenes. #USOpen pic.twitter.com/6qTMaoqPQd
— Ben Rothenberg (@BenRothenberg) August 30, 2018