Професионалниот бодибилдер и актер, Мартин „чудовиштето“ Форд (33) реши да се испроба во ММА борбите, а на стартот на кариерата ќе има страшно тежок противник.
Форд кој е висок 204 сантиметри и тежок неверојатни 150 килограми за свој противник во рингот ќе го има Иранецот Сејади Гарбиј кој изгледа страшно, има поголема тежина од актерот, а го носи прекарот „Хулк“.
Форд максимално се труди да ја оправда фаворитската улога, напорно тренира и ги усовршува своите разорни удари.
Погледнете како изгледаат горостасите кои наскоро ќе се судрат во рингот: