Александар Шустов, репрезентативец на Русија во атлетика во дисциплината скок во височина, добил суспензија од четири години проади кршење на допинг правилата. Европската атлетска федерација објави дека одлуката ја донела повикувајќи се на одлуката на Судот за спортска арбитража.
Европскиот првак од 2010 пред три години објави дека се повлекува од атлетиката, но надлежните сепак реагираа и решија да му забранат секаков настап до 2024 година.
Инаку во пресудата на Судот за апортска арбитража стои дека Шустов користел недозволени супстанци.
Со пресудата на Шустов ќе му бидат избришани сите резултати кои ги постигнал од јули 2013 до јули 2017 година. Во наведениот период Шустов освоил четврто место на ЕП во сала и седмо место на Сп во 2013 година.