Top Sport

Светски рекорд и злато за Австралијките во штафетата на 200 метри слободно

Женската репрезентација на Австралија во пливање, на Светскоот првенство во Фукуока постави нов светски рекорд.

Австралијките го освоија златниот медал во штафетата на 200 метри слободно, победувајќи со резултат 7:37,50 минути.

Австралија го држеше и претходниот рекорд од 7:39,29 минути, од Бирмингем минатата година.

За Австралија во Фукуока пливаа Моли О’Калаган, Шајна Џек, Бријана Тросел и Аријана Титмус

Сребрениот медал го освои селекцијата на САД со заостанување од 3,88 секунди, а бронзениот медал го освои селекцијата на Кина со заостанување од 6,90 секунди.

Scroll to Top