Американската атлетичарка Сиднеј Меклахлин-Леврон вечерва го одбрани златниот медал во трката на 400 метри со пречки. До златниот медал дојде со нов светски рекорд,
50,37 секунди.
Нејзината сонародничка Ана Кокрел освои сребро со личен рекорд од 51,87 секунди.
Бронзата ја освои Холанѓанката Фемке Бол со 52,15 секунди. Тоа е нејзин втор медал во Париз, по златото во штафетата 4 х 400 метри мешано.