Еден од најдобрите атлетичари на денешницата, Јакоб Ингебритсен, на митингот во Лиевин, постави нов светски рекорд на 1.500 метри во сала.
Ингебритсен забележа резултат 3:30.60 минути. За 44 стотинки, Норвежанецот ја помести границата од сништата која беше во сопственост на Самуел Тефер од Етиопија.
Тефер трачеша во оваа трка и го освои второто место.
„Се надева дека ќе поставам личен рекорд, но не и дека ќе поставам најдобро време во историјата. Долго ќе се сеќавам на оваа трка во Франција“, рекол Ингебритсен.
21 годишниот Норвежанец е олимписки шампион од Токио, тој е сопственик на европските рекорди на отворено, на 1.500, 2.000 и 5.000 метри.