Top Sport

Светски рекорд во ултра маратон – Истрча 319 километри за 24 часа

Литванскиот ултра маратонец Александар Сорокин го подобри сопствениот светски рекорд. Сорокин триумфираше на Европскиот шампионат во 24. трка, тој претрча неверојатни 318,8 километри.

Натпреварот се одржа во Верона, Италија, а Литванецот го подобри претходниот рекорд за 15 километри.

Ако случајно Сорокин успееше да истрча уште десет километри во Верона, ќе ја изедначеше должината на неговата татковина Литванија од север кон југ.

„Многу сум уморен, но сум двојно повозбуден. Многу сум им благодарен на сите за поддршката“, објави на социјалните мрежи Александар Сорокин.

Сорокин (40) е и светски рекордер на трката на 12 часа – во тој период успеал да помине растојание од 177,4 километри.

Второто место на оваа трка со 301,8 километри го зазеде Полјакот Анжеј Пјотровски, а трет со 288,4 километри беше Италијанецот Марко Визинти. Во женска конкуренција победи Патриција Березновска од Полска со 256,2 км.

 

Scroll to Top