Top Sport

Светски шампиони во уметничко лизгање меѓу патниците во урнатиот авион

Патнички авион на Американ ерлајнс со 64 лица се судри со воен хеликоптер во близина на Вашингтон, главниот град на САД, а потрагата по преживеани се уште трае.

Двете летала завршија во реката Потомак, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги потврди тврдењата на руската државна агенција ТАСС дека во авионот се превезувале Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, светски шампиони во уметничко лизгање од 1994 година.

„Потврдена е оваа тажна информација. Лоши вести пристигнаа од Вашингтон. Во авионот имаше повеќе наши граѓани“, им рече Песков на новинарите, изразувајќи сочувство до семејствата и пријателите на руските граѓани кои загинаа.

Претставник на локалната полиција изјави за Си-би-ес, дека најмалку 18 безживотни тела биле пронајдени од авионот што полетал од Вичита, Канзас и дека нуркачите пронашле две таканаречени црни кутии.

ТАСС јавува дека меѓу патниците била и Ина Волјанскаја и дека заедно се враќале од тренинг кампот што се одржувал во рамките на американското првенство во Канзас.

Scroll to Top