Top Sport

Светскиот шаховски шампион Карлсен загуби првпат по 2 години!

Полјакот Јан-Кшиштоф Дуда направи вистинска сензација откако го победи светскиот шаховски шампион Магнус Карлсен на Норвешка Албибокс турнирот, што е негов прв пораз во класичен шах по повеќе од две години.

29-годишниот Карлсен имаше неверојатна низа од 125 партии без пораз (44 победи и 81 реми) и последен пат загуби од Шахријар Мамедјаров во Бил пред 2 години, 2 месеци и 10 дена, најдолга победничка низа во историјата.

Победата на Дуда го стави во сенка и поразот на светскиот број 2, Фабијано Каруана од Ерменецот Левон Аронијан, кој е лидер на турнирот.

Scroll to Top