Светскиот шампион во снукер, Марк Вилијамс ги одигра своите фрејмови од дуелот од второто коло на СП во Шефилд, по што замина во болница со болки во градите.
Велшанецот губи со 3:5 од Дејвид Гилберт во второто коло и по крајот на првата сесија, тој добил медицинска помош од официјалниот доктор на турнирот, кој му советувал да замине во болница поради болките во градите.
„На брза помош. Не можев да изддржам со болките во градите. За среќа немаше фрејмови за играње“, напиша Марк Вилијамс на Твитер.
Тој треба да игра во утрешната утринска и вечерна сесија, која се игра до 13 освоени фрејмови.
A&E. Could be hear a while , couldn’t stick the chest pains no more. Lucky there wasn’t any more frames to play . #bettergetcheckedoutsafethansorrry
— MARK WILLIAMS M.B.E (@markwil147) April 26, 2019