Норвешкиот ветеран Аксел Лунд Свиндал го победи својот стар ривал, Италијанецот Криштоф Инерхофер за нова рекордна седма победа во супер-џи трката во Вал Гардена, Италија.
На мразот на Италијанските Алпи, Свиндал беше за само 0.05 секунди побрз од Инерхофер и за 0.27 секунди пред својот сонародник Кјетил Јансруд, за сега да има пет супер-џи победи и два спуста на патеката Саслонг, каде што во сабота ќе може да оди на нова спусташка победа.
Ова е прва победа за Свиндал оваа сезона и 36. во својата блескава кариера со што се израмни со Австриецот Бенјамин Рајх на седмото место на вечната листа. Покрај тоа, Свиндал се искачи и на првото место во генерален пласман во Светскиот куп со 17 поени предност пред седумкратниот актуелен шампион, Австриецот Марсел Хиршер, кој е специјалист за технички трки и не учествуваше на трката.
Со денешната трка почна „лудата“ предновогодишна програма во која има пет велеслаломи и слаломи во само седум дена почнувајќи од недела во Алта Бадија.
INNERHOFER, OTTIMO SECONDO POSTO! ??2⃣⛷️
Svindal batte #Innerhofer per soli 5 centesimi nel #SuperG della #ValGardena; terzo posto per #Jansrud, poi Kilde e gli austriaci.#FISAlpine | #EurosportSCI | https://t.co/yeuDfRYfGo pic.twitter.com/5wFPQWS8Lr
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) December 14, 2018