Top Sport

Кличко најави враќање: Можам сите да ги истепам во нашата категорија

Владимир Кличко можеби има 42 години, но вели дека е подобар од сите боксери во тешка категорија во моментов и најави дека би сакал да добие ри-меч со Ентони Џошуа.

Во април 2017 година, Украинецот се откажа од боксот откако беше поразен од Џошуа на „Вембли“, но сега промотерот на Британецот, Еди Херн вели дека тој му пратил СМС порака на Џошуа во која посакува нов дуел.

„Тој сака да се врати. Му прати порака на Еј Џеј и му кажа дека ’ги победил сите во тешка категорија’“, изјави Херн.

Џошуа веќе има закажано меч на „Вембли“ на 13 април, но засега не е јасно кој ќе биде предизвикувачот за неговите титули. ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер останува негов прв ривал, и покрај ремито со Тајсон Фјури овој месец.

Кличко доминираше во тешката категорија сѐ до мечот со Фјури во Дизелдорф, кога ги загуби ВБА, ИБФ, ВБО И ИБО титулите по поразот во 12 рунди.

Фото: ЕПА

Scroll to Top