Top Sport

Свингс „златен“ во масовниот спринт

Белгиецот Барт Свингс го освои златниот медал на Зимските олимписки игри, во брзо лизгање, во дисциплината масовен спринт.

Свингс, десет години е еден од најдобрите лизгачи во светот, во колекцијата медали и титули од големите натпреварувања, немаше само олимписко злато. Тоа му успеа на трката во Пекинг.

Тактички, лизгаше без грешка, лидерската позиција ја презеде во последните два круга и на крајот го освои златниот медал.

Среброто и бронзата им припадна на лизгачите од Јужна Кореја, Јае Вон Чунг и Сонг Хун.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');