Украинката Елина Свитолина стигна до својата 10. ВТА титула во кариерата, откако во финалето на Бризбејн интернешнл доминантно со 6:2/6:1 ја „уништи“ белоруската квалификантка, Алиаксандра Саснович.
Свитолина, која во понеделник ќе биде на 4. место на ВТА листата, го искористи неискуството на противничката која го играше своето прво финале, уништувајќи го раниот ентузијазам на Белорусинката за да го комплетира триумфот на „Пат Рафтер арената“ за 65 минути.
Свитолина поведе со 3:0, пред Саснович со одлична игра на бекхенд да се врати на 3:2, но Украинката направи уште еден брјек да го освои првиот сет, за потоа лесно да го комплетира мечот.
23-годишната Свитолина освои пет титули во 2017 година, и секако ќе биде една од фаворитките за титулата на Австралија опен, посебно во отсуство на актуелната шампионка, Серена Вилијамс.
The courtside view as Svitolina and Sasnovich pose with their trophies ?#BrisbaneTENnis pic.twitter.com/7YikCSyeG4
— #BrisbaneTennis (@BrisbaneTennis) January 6, 2018