Елина Свитолина ја елиминираше светската тенисерка број 1, Симона Халеп од ВТА финалето во Сингапур, откако ја совлада во два сета за крај на натпреварите по групи на завршниот турнир за најдобрите осум тенисерки во 2018.
Иако Украинката беше елиминирана пред мечот, таа со 6:3/6:4 ја победи Халеп за да и дозволи на Французинката Каролине Гарсија да влезе во полуфиналето, откако се врати по ужасниот прв сет за 0:6/6:3/7:5 победа над Каролине Вознијацки.
За Халеп ова е ново разочарување на турнирот, откако трета година едноподруго е елиминирана во натпреварите по групи откако во својот прв настап во 2014 загуби во финалето од Серена Вилијамс.
Со овие резултати, дебитантот на турнирот Гарсија е победничка на „црвената група“, додека Вознијацки завршува на второто место.
Ова значи дека Гарсија ќе се сретне со 37-годишната ветеранка Венус Вилијамс, како второпласирана во „белата група“, додека Вознијацки ќе игра со освојувачката на првото место Каролина Плишкова.