Top Sport

Тадеј Погачар ја одбрани титулата на „Тур д`Франс“

Денеска на програмата на „Тур д`Франс“ беше 20. етапа во должина од 30,8 километри од Либурн до Сен Емилон.

Најбрз беше Белгиецот, Ваут ван Ерт, но триумфот во генерален пласман го обезбеди младиот 22-годишен Словенец, Тадеј Погачар. На утрешната последна трка во Париз нему му е доволно само да мине низ целта.

Предноста на Погачар пред второпласираниот Јонас Виндегорд е 5 минути и 20 секунди. Трет е Ричард Карапас со заостанување од 7 минути и 3 секунди.

Погачар и во 2020 триуфираше на трката низ Франција, но тогаш, до жолтата маица стигна на претпоследната трка, додека годинава тоа го стори многу порано.

Иако познат е победникот во генерален пласман, последната трка ќе биде возбудлива поради Марк Кавандиш кој ја брка 36-тата победа на Тур, па доколку успее ќе стане рекордер на најголемата светска велосипедска трка.

Scroll to Top