Top Sport

Тајгер Вудс ништо не се сеќава, а судот не дозволил да му земат крв за анализа!

Десетина дена по сообраќајната несреќа во Калифорнија испливаа нови детали за околностите под кои легендарниот голфер Тајгер Вудс (45) излета од патот, удри во дрво и се преврте со своето возило.

Шерифот на округот вели дека Судот не им одобрил да испитаат дали Вудс имал алкохол и дрога во крвта при несреќата. Воздушните перничиња му го спасиле животот, а пожарникарите морале да го сечат лимот за да го извлечат од возилото. Голферот имаше тешки скршеници на потколениците кои се стабилизирани со метална шипка. За среќа, избегната е ампутација, но останува отворено прашањето дали голферот во иднина ќе може професионално да се натпреварува.

Тајгер Вудс беше во безсознание по несреќата, а прв напомош му пришол случаен минувач.

„Замениците на шерифот го прашале возачот како се случил судирот. Возачот рекол дека знае и дека не се сеќава на возењето. Повторно во болница го прашале за судирот и повторно рекол дека на ништо не се сеќава“ стои во полицискиот записник.

Од црната кутија на автомобилот на Вудс ќе се дознае какви биле перформансите на возилото и кои се потенцијалните причини за несреќата по која голферот нема да биде кривично гонет затоа што не било дозволено да се истражи дали бил пијан или дрогиран додека бил зад воланот.

Уште во 2017 година Тајгер бил уапсен поради возење во пијана состојба, а тогаш во крвта му биле пронајдени траги од лековите „амбиен“ и „викодин“.

Scroll to Top