Тајгер Вудс објави дека се враќа на голфот на „Хироус ворлд челенџ“ турнирот во Олбени на Бахамите следниот месец по девет месеци надвор од голфот.
41-годишниот поранешен светски голфер број 1 одигра само шест рунди последните две години по низата проблеми со повредите и операциите на грбот. Покрај ова, тој имаше и проблеми со законот, откако беше пронајден како спие во својот автомобил во Флорида оваа година, за што доби условна казна.
„Возбуден сум што можам да потврдам дека се враќам на голфот. Олбени е вистинско место за почетокот на новиот предизвик во мојата кариера“, изјави Вудс, кој има освоено 14 гренд слем титули.