Top Sport

„Тајна“ венчавка на Жо-Вилфрид Цонга

Жо-Вилфрид Цонга во саботата „тајно“ се ожени со својата долгогодишна партнерка Нура, која во март 2017 се породи со првиот син на францускиот тенисер, Шугар.

Свадбата се случила во Шато де Бањол во близината на Вилефранш сур Саон, и помеѓу „специјалните“ тениски гости биле Лукас Пуј и Пјер-Иг Ербер.

33-годишниот Цонга оваа година има играно на само два турнири – Австралија опен и Монпелје опен, откако во март беше на операција на левиот менискус.

Scroll to Top