Поранешниот боксерски шампион Мајк Тајсон ја шокираше јавноста со признанието дека во младоста бил сексуално злоставуван. Во интервју за ЕСПН тој открил дека како тинејџер често бил тепан и дека бил силуван од еден човек.
„Бев момче. Тој беше постар човек. Ме тепаше и сексуално злоставуваше. никогаш потоа не го видов. Научив дека сепак сум маж иако тоа ми се случи“, рекол Тајсон.
Новинарот на познатата ТВ куќа останал „без текст“ по ова признание на Тајсон.
„Да ова претходно на никого не сум му го кажал. Не ми е непријатно, тоа е само нешто што ми се случи. Немаше влијание врз мојот живот. Го надминав тоа во моите боксерски денови“.