Top Sport

Тајсон: Чекаш антидопинг резултати и се плашиш да не си труден!

Легендарниот боксер, Мајк Тајсон како гостин на својот подкаст го имаше Џеф Новицки, потпретседателот за здравјето на спортистите во УФЦ.

Темата е допинг, а токму работата на Новицки е да внимава на здравјето на спортистите и да води сметка што тие внесуваат во организмот.

Токму Новицки своевремено беше дел од истрагата која сруши голем број професионални спортисти поради користење на недозволени средства, познатиот БАЛКО скандал.

„Ужасно е, колку само почит треба за професионалните спортисти за тестирање мораат да уринираат во чаша и тоа не пред некого, туку додека некој го надгледува целиот процес и тоа само затоа што во минатото користел простетички орган од кој можете да користите туѓа урина, а да изгледа дека вие уринирате“ објасни Новицки.

На ова се надоврза Тајсон.

„Многу од спортистите ги користеа урините на своите деца, а понекогаш и на сопругите. Треба да се исплашам дека ќе ми стигне тест дека сум труден“ рече легендарниот боксерски шампион.

И Новицки раскажа интересна анегдота поврзана со оваа тема.

„Тоа веќе му се случи на еден спортист, тој ми рече `Седев и ги чекав резултатите од антидопинг тестот и одеднаш некој ми се приближува и ми вели – Господине, вие сте труден`. Навистина чудна ситуација“ раскажа тој.

Scroll to Top