Top Sport

Златан се врати на тренинзи, ќе игра против Верона

Златан Ибрахимовиќ, конечно, се врати на тренинзи со Милан и може да биде дел од составот за мечот со Хелас Верона овој викенд.

40-годишниот Швеѓанец оваа сезона има само еден настап како замена оваа сезона, постигнувајќи гол при 2:0 победата против Лацио на 12 септември. Тој беше на операција на коленото во текот на летото пропуштајќи го ЕУРО 2020, а потоа ја повреди ахиловата тетива со пребрзаниот камбек.

Според „Скај спорт Италија“, тој почнал со тренизите со првиот тим, заедно со Давиде Калабрија и Раде Круниќ, кои исто така беа повредени. Се очекува тој да биде на клупата против Верона и да влезе во игра.

Scroll to Top