Top Sport

Тајсон Фјури и Френсис Нгану на меч во Саудиска Арабија во октомври!

ВБЦ шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури и поранешниот УФЦ шампион, исто така во тешка категорија, се договориле за боксерски меч на 28 октомври во Ријад, Саудиска Арабија, јавува „ЕСПН“, иако не се јасни правилата на мечот, бројот на рунди и дали ќе се работи за меч титулата.

Фјури и Нгану почнаа со најавите за меч уште во април 2022 година, кога Нгану се качи во рингот по победата на Фјури над Дилијан Вајт со нокаут во четири рунди. 34-годишниот Фјури се врати со победа над Дерек Чисора во декември, но потоа имаше неуспешен обид да се договори со украинскиот шампион Олександер Усик за дуел за обединување на титулите.

Нгану, кој има 20-3-3 скор во ММА борбите, последен пат се натпреваруваше во јануари 2022, кога ја одбрани УФЦ титулата со победа над Сирил Ган, по што одби да го продолжи договорот со УФЦ. 36-годишниот Камерунец потоа беше на операција на коленото, за потоа да потпише договор со ПФЛ куќата, која му дозволува боксерски мечеви.

Scroll to Top