Парис, сопругата на поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, се породи со нивното петто дете, нов син, чие име уште не е откриено.
„Три недели прерано, но совршен на секој друг начин. Сите сме добро“, напиша таа на Инстаграм.
30-годишниот „Џипси кинг“ и Парис сега се родители на пет деца – Венецуела (9), Принц Џон Џејмс (7), Принц Тајсон Втори (2) и едногодоишната Валенсија Амбер. Фјури и Парис се заедно веќе 12 години, откако се сретнаа на една локална свадба кога таа имаше само 15 години.
Ова е уште една добра вест за Фјури и доаѓа една недела откако потпиша договор вреден 80 милиони фунти со „Топ ренк“ правејќи го еден од британските спортисти кој најмногу заработува. Овој договор го оддалечи од ри-меч со ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер, кој има договор со ривалската „Шоутајм“.