Top Sport

Тајсон: Мејведер е најдобриот боксер во последните 100 години

Мајк Тајсон го нарече Флојд Мејведер Јуниор најдобар боксер во последните 100 годин пред легенди како него самиот и Мухамед Али.

43-годишниот Мејведер се пензионираше со совршен 50-0 скор во 2017 година, со супер-богат меч против ММА ѕвездата, Конор Мекгрегор во Лас Вегас, дуел кој го реши со технички нокаут во 10. рунда.

Тајсон, сепак, мисли дека Мекгрегор имал одличен настап во рингот, бидејќи против себе го имал најдобриот боксер во историјата.

„Видете, Мекгрегор пред тоа немаше ниту еден боксерски меч, а изддржа против најдобриот боксер во последните 100 години. Десет рунди и тоа со удари. Дали оствари нешто? Видете против кого боксуваше и што правеше“, вели Тајсон.

31-годишниот Мекгрегор пак, преку социјалните мрежи му се заблагодари на Тајсон.

„Благодарам, Мајк, и знај дека за неизбежниот ри-меч, со знаењето кое го имам сега за стилот на Флојд, и под водство на мојот боксерски тренер ќе ја решам загатката и ќе го победам Флојд. Го давам мојот живот за тоа“, напиша Мекгрегор.

Scroll to Top