Боксерската легенда Мајк Тајсон не се противи на тврдењата дека „најголемиот“ Мухамед Али лесно би го победил во рингот, откако за време на карантинот поради корона вирусот, виртуалниот боксерски турнир „Светска боксерска серија“ ги постави токму двајцата во финалето, а Тајсон беше подобар од Али.
Но, и покрај оваа електронска симулација, 53-годишниот Тајсон верува дека никогаш не би го победил Али во вистински меч.
„Знам дека тоа е игра на фантазија, и најверојатно би победил таму, но не и во вистинскиот меч. Али е најголемиот на сите времиња“, вели Тајсон за „Јаху спортс“.
Али, роден како Касиус Клеј, ја освои титулата во тешка категорија на Олимпијадата во 1960 година, по што трипати стануваше шампион.
Тајсон, 24 години помлад од Али, оствари 50 победи и шест порази во кариерата, освојувајќи ја апсолутната титула во тешка категорија и победувајќи во 12 од своите мечеви со нокаут во првата рунда.