Мајк Тајсон го потврди одложувањето на неговиот камбек во боксерскиот ринг на 28 ноември и не пропушти да упати вербален удар кон својот противник Рој Џонс Јуниор порачувајќи: „Ова незгодно одложување ќе трае повеќе од Рој“.
54-годишниот Тајсон, кој доминираше во тешката категорија 20-тина години од 1987 година, ќе боксува со 51-годишниот Џонс на истото место во Калифорнија каде што беше закажан мечот на 12 септември, но организаторите сметаат дека пеј-пер-вју плаќањата ќе бидат повисоки во ноември.
„Промената на датумот на 28 октомври ќе даде шанса повеќе луѓе да го видат најголемиот камбек во историјата на боксот. Ова незгодно одложување ќе трае подолго отколку Рој Џонс Јуниор во рингот. Нека се подготви, бидејќи доаѓам со цела сила кон него“, изјави Тајсон.
Џонс последен пат боксуваше во 2018, додека последниот професионален меч на Тајсон беше поразот од Кевин Мекбрајд пред дури 15 години.