Top Sport

Тајсон сака мечеви со Луис, Холифилд и Фјури пред да заврши со боксот

Легендата на светскиот бокс – Мајк Тајсон има намера да ги вкрсти ракавиците со Ленокс Луис и Ивандер Холифилд, но и со Тајсон Фјури пред конечно да заврши со боксот.

Тој неодамна му се врати на боксот по долгогодишна пауза, на егзибициски меч со Реј Џонс Јуниор, па продолжи со тренинзите имајќи намера повторно да влезе во дуел со Холифилд. Преговорите за тој меч се в тек.

„Го сакам Холифилд, го сакам и Луис и ги сакам оваа година. Освен тоа, сакам да имам егзибициски меч и со Тајсон Фјури. Ако успееме во тоа, ќе речам дека тоа е крајот и ќе продолжам нормално да живеам“ порача „Железниот“ Мајк.

И Холифилд и Луис го имаат победено Тајсон во борба за шампионска титула.

Холифилд првпат во 1996 година, а потоа и во 1997, во спектакуларниот меч во кој Мајк одгриза дел од увото на противникот.

Ленокс Луис, пак, му нанесе пораз со нокаут на Тајсон во 2002 година.

Scroll to Top