Top Sport

Масакр во САД – поранешен НФЛ играч убил петмина, па си пресудил!

Поранешен НФЛ играч, Филип Адамс (32) е осомничен за масовно убиство во Рок Хил, во Јужна Каролина. Тој убил петмина, по што се самоубил.

Жртви на Адамс се д-р Роберт Лесли (70), неговата сопруга Барбара Лесли (69) и нивните внуци Ное (5) и Ада (8). И 38-годишниот Џејмс Луис кој работел на имотот на семејството Лесли бил убиен од напаѓачот.

Четирите жртви биле пронајдени во куќата, додека безживотното тело на работникот полицијата го пронашла во дворот. Надвор од куќата било и безживотното тело на Филип Адамс.

Медиумите во САД пишуваат дека родителите на убиецот биле соседи со семејството Лесли, а токму д-р Роберт своевремено бил и негов лекар.

Адамс беше дел од американскиот фудбал во периодот од 2010 до 2015 година, а негов последен клуб беше Атланта.

Scroll to Top