Мајк Тајсон се откажал од веганската диета пред камбекот во боксерскиот ринг, и јаде само месо од елен и бизон за да ја врати силата пред дуелот со Рој Џонс Јуниор.
Со храна полна со протеини, 54-годишниот Тајсон сака да ги врати мускулите пред дуелот со 51-годишниот Џонс на 28 ноември.
„Сопрев со веганската исхрана поради тренингот и бидејќи сакав моето тело да ја има потребната сила. Јадам само елен (вапити) и бизон, диво месо, и почнувам да се чувствувам подобро. Сфатив дека јадењето кое добро за други луѓе, како кељ, зеленчук, овошје, за мене е навистина отровно“, објаснува Тајсон.