Top Sport

Тајсон уште еднаш ја покажа неверојатната брзина на 54 години

Мајк Тајсон уште еднаш ги воодушеви своите фанови, покажувајќи видео на кое се гледа дека има неверојатна брзина на главата и рацете, иако има 54 години.

Боксерската легенда минатата година се врати во егзибициски меч против Рој Џонс Јуниор, и најави дека би сакал да има уште вакви мечеви, така што работи на својата форма. Во видео објавено на ТикТок, Тајсон ја покажува брзината и оддава почит на својот поранешен легендарен тренер Кас Д’Амато.

„Кас ми помогна да го усовршам овој боксерски стил. Понизок од моите противници, со овој стил ја надаополнувам разликата“, вели Тајсон, кој останува најмладиот шампион во тешка категорија во историјата со 20 години.

Scroll to Top