Поранешниот апсолутен шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон не е многу импресиониран од својот сонародник Дионтеј Вајлдер, и вели дека најмногу би сакал дуел помеѓу ВБЦ и поранешниот олимписки шампион, Русинот Александер Поветкин.
Двајцата боксери веќе требаа да се сретнат во рингот во мај 2016 во Москва, но тогаш Русинот имаше позитивен допинг-тест, пред неодамна да се врати на рејтинг-листата на ВБЦ на четвртото место.
Вајлдер од друга страна ќе боксува против непоразениот Луиз Ортиз во Бруклин оваа пролет, по што се надева на дуел со Џошуа за обединување на титулите.
„Сега речиси секој боксер во тешка категорија може да стане светски шампион. За Поветкин најдобро ќе биде да боксува со Вајлдер, бидејќи тој е најслабиот од сегашните шампион и има најголеми шанси за успех“, вели Тајсон.
Поветкин (33-1, 23 КО) ќе боксува во Кардиф против Дејвид Прајс, како пред-меч на дуелот на Ентони Џошуа и Џозеф Паркер, двајца шампиони во тешка категорија.
Неодамна, Вајлдер изјави дека без проблем би го победил Тајсон во неговите најдобри денови, бидејќи „нема боксер, во сегашноста или минатото“ кој може да избега на „Бронзениот бомбардер“.
51-годишниот Тајсон беше најмладиот шампион во тешка категорија, победувајќи во првите 19 меча, од кои 12 во првата рунда. Во 1988 година тој го нокаутираше Мајкл Спинкс за 91 секунда. За коментарот на Вајлдер тој беше јасен.
„Не верувам дека тоа ќе беше можно“, изјави Тајсон.