Легендарниот поранешен шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон смета дека Владимир Кличко би бил голем фајтер во било која боксерска ера, покажувајќи голема почит кон пензионираниот Украинец.
43-годишниот Кличко е поранешен апсолутен шампион во тешка категорија, доминирајќи во 2000-тите, пред да загуби шокантно од Тајсон Фјури во 2015 година, по што и покрај имаше големи најави за враќање, загуби и од Ентони Џошуа во 2017 и се пензионираше.
Многумина критичари сметаат дека Кличко беше толку успешен поради тоа што немаше вистински ривали и поради неговата желба за внимателен и тактички бокс. Тајсон не се согласува.
„Тој би бил застрашувачки тешкаш и во златната ера на тешката категорија, покрај Мухамед Али, Џо Фрејзер, Џорџ Формен. Всушност во било која ера, Кличко би бил силен“, изјави Тајсон.
Самиот Кличко уште во 2017 година изјави дека не се смета меѓу легендите на тешката категорија.
„Јас не мислам дека сум голем шампион, тоа го кажуваат другите. На пример, мојот брат Виталиј, беше природен боксер. Јас научив да боксувам со напорни тренинзи, а Виталиј беше вистински фајтер. Јас имав повеќе среќа“, изјави тогаш Кличко.