Top Sport

Тајван „приморан“ да учествува на свеченото отварање на ЗОИ во Пекинг

Тајванскиот олимписки тим, сепак, ќе учествува на свеченото отварање на Зимските олимписки игри во Пекинг во петок, откако добиле „соопштение“ од Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ).

Минатата недела, Тајванците тврдеа дека нема да имаат претставници на отварањето, бидејќи стравуваат дека Пекинг може да одлучи да ги постави нивните спортисти заедно со „специјалниот административен регион“ Хонгконг.

Но, во понеделникот, Тајван, кој настапува на Олимпијадите под името Кинески Тајпеј, го смени планот откако ИОЦ побарале „сите делегации да пратат претставници на отварањето и затварањето на Игрите“.

Тајван никогаш нема освоено медал на Зимските олимпијади, и ќе патуваат со четири спортисти во Пекинг.

Scroll to Top