Top Sport

Танде е новиот светски шампион во ски летови (видео)

Даниел Андре Танде ја задржа предноста од првиот ден на натпреварувањето за да стане новиот светски шампион во скијачки летови во германскиот Оберстдорф.

Во единствениот скок во неделното натпреварување, тој скокна 200 метри што беше доволно за злато пред шампионот од новогодишната турнеја „4 Скокалници“, Камил Стох, кој имаше одлични 211.5 метри во последната серија да го помине Рихард Фрајтаг, кој имаше 190.5 метри.

Временските услови во Оберстдорф се влошија во попладнето и поради силниот ветер не се ризикуваше на огромната леталница.

Четврт беше Австриецот Штефан Крафт, пред Норвежанецот Андреас Стјернен и шампионот од пред две години, Словенецот Петер Превц (кој скокна 218 метри).

Scroll to Top