Top Sport

Тоти до Џеко: Возот не оди за Лондон, нели?

Директорот на Рома, Франческо Тоти и напаѓачот Един Џеко се шегуваа за шпекулациите дека напаѓачот на Босна и Херцеговина е пред трансфер во Челси.

Повеќе англиски и италијански медиуми јавија дека трансферот е комплетиран, откако Челси понуди 50 милиони евра плус 10 милиони евра бонус за потписите на Џеко и Емерсон Палмиери. Спортскиот директор на Рома, Монки на прес-конференција не отфрли дека трансферот е можен, но најави дека „составот нема да биде ослабен“.

Тоти, кој работи заедно со Монки, патуваше со тимот на Рома во Милано за утрешното дерби против Интер, и пред качувањето во возот, пред камерите се шегуваше со Џеко.

„Возот не оди до Лондон, така?“, запраша Тоти.

Џеко со насмевка одговори: „Уште не“.

Scroll to Top