Top Sport

Таткото на Алкараз го снимал тренингот на Ѓоковиќ

Младиот шпански тенисер, Карлос Алкараз, по повредата над Холгер Руне во четвртфиналето на Вимблдон, на новинарите им потврди дека неговиот татко, ден претходно го снимал тренингот на Новак Ѓоковиќ.

„Татко ми е голем љубител на тенисот. Тој не ги гледа само моите натпревари. Тој доаѓа во клубот во 11 часот наутро и заминува во 10 навечер, ги гледа сите натпревари и тренинзи. Тоа што имаше можност да го види Ѓоковиќ во живо, да, веројатно е точно дека го снимал тренингот“, изјави Алкараз.

Светскиот број 1 беше запрашан дали тоа е неговата предност пред Новак Ѓоковиќ.

„Мислам дека не. Реално, на секоја платформа има многу видеа на Новак Ѓоковиќ и не би рекол дека тоа е предност за мене“, искрено изјави шпанскиот ас.

Scroll to Top