Aбдулманап Нурмагомедов, таткото и тренерот на ММА суперѕвездата Хабиб го покани лутиот ривал Конор Мекгрегор да ја посети нивната татковина Дагестан, повторувајќи дека не се лути за тешките навреди кои Ирецот ги кажа пред поразот од Хабиб на УФЦ 229.
Мекгрегор го предизвикуваше рускиот борач со извици „дагестански стаорец“ пред дуелот на 6 октомври во Лас Вегас, а го нарече неговиот татко „мрсулав кукавица“ и во исто време се потсмеваше со нивната муслиманска вера.
По хаосот кој се случи по победата на Нурмагомедов во четири рунди, Хабиб сакаше да се пресмета со членовите на тимот на Мекгрегор. Неговиот татко, Абдулманап, кој не присуствуваше на мечот бидејќи не доби американска виза, неодамна изјави дека му простува на Мекгрегор, а сега го повика Ирецот на самбо турнир во Дагестан во декември.
„Драги гости, повторно ги поканувам на турнирот нашиот близок пријател Олег Тактаров и Мекгрегор. Јас му простив за сите навреди. Важно е да имаш скромно срце“, изјави постариот Нурмагомедов.
Самбо е популарен борачки спорт во Русија, а всушност е кратенка за рускиот збор „самозаштита без оружје“.