Top Sport

ИХФ го потврди Светското првенство со 32 репрезентации

Во обид да се задоволи Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) и ракометот да остане олимписки спорт, челниците на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) потврдија дека од 2021 година, наместо 24 ќе има 32 репрезентации на Светските првенства во сениорска и јуниорска конкуренција.

Ова е обид да се рашири ракометот во нации каде што не е многу застапен, но ова ќе значи повеќе мечеви за ракометарите, кои и така се жалат на напорниот распоред со Лигата на шампионите, и домашните и регионалните натпреварувања.

ИОЦ неколку пати побара од ИХФ да работи на интернационализација на ракометот, кој досега има силно присуство само во Европа, како главен услов за задржување на олимпискиот календар.

Иако ова ќе значи полесен влез за репрезентации како Македонија на првенството, несомнено ќе носи и пад на квалитетот на натпреварите на СП, каде што сега ќе се квалификуваат и повеќе репрезентации со сомнителен квалитет.

Фото: ЕПА

Scroll to Top