Top Sport

Таткото на Хабиб префрлен во болница во Москва

Абдулманап Нурмагомедов, таткото и тренер на УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, е префрлен во болница во Москва со приватен авион поради проблеми со срцето, тврдат руските медиуми.

Судијата во борење, Убајдула Османов, семеен пријател на Нурмагомедов, тврди дека Абдулманап бил префрлен во Москва во неделата поради проблеми со срцето, но додава дека зборувал со него и дека тој е во добра состојба.

57-годишниот Абдулманап прво бил примен во болницата во Махачкала, престолнината на Дагестан пред неколку дена со пневмонија и грип, но според локалните медиуми бил негативен на тестот на КОВИД-19.

Scroll to Top